Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата, напиша доскорешниот министер за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи.
„Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите“, напиша Филипче.





