ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол за криминал и корупција. Напредокот на Северна Македонија од 24 места на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнал ја демантира ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во соопштение за јавноста.
– Во Извештајот на Транспаренси, нотиран е напредок во борбата против корупција, позитивно е оценето усвојувањето на агенда и акционен план против корупцијата, реформите во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот, влијанието во практиките за вработување на јавни места.
Во 2021 Северна Македонија е рангирана на 87 место, што е најдобро рангирање во последните шест години. Зад нас во регионот се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем со извештајот затоа што напредокот меѓу другото се должи и на неселективното владеење на правото, покренатите случаи и пресуди против функционери од претходната но и од актуелната власт, што за опозициската партија е неприфатливо. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија како власт создаде заробена држава, а како опозиција цврсто стои на браникот на криминалот, се вели во соопштението.




