ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Над 6.500 апликации, трошоците за електрична енергија ќе им се намалат за 600 до 800 денари

February 10, 2022 12:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Заклучно со вчерашниот ден кога заврши јавниот повик за мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања во архивата на Министерството за економија се пристигнати 6.500 барања, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена кои изнесуваат 60.000.000 денари, со финансиска поддршка може да се стекнат околу 7.000 домаќинства. Тоа значи дека имаме успешна реализација на мерката“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција на која информираше за реализација на јавниот повик.

Како што информираше министерот согласно оваа мерка предвидено е да се пркријат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата со ниски приходи.

„Очекуваме дека денеска и утре во архивата на Министерството за економија да пристигнат уште 200 барања од барателите кои заклучно со вчерашниот ден преку пошта ги испратиле своите апликации.Со што сакам да заклучам дека имаме успешна реализација на оваа мерка“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека за спроведување на активностите за реализација на финансиска поддршка за лица со ниски примања, формирани се пет комисии кои активно работат и до крајот на февруари ќе биде изготвена финална листа на баратели кои ќе се стекнат со финансиска поддршка.

„Финансиската подршка ќе добијат најранливите категории преку примена на принципот најниски примања  во домаќинство во 2021 година, во соодветната категорија.  Во случај кога повеќе баратели имаат идентичен износ на месечни примања во домаќинството, истите ќе бидат подредени според архивскиот број, растечки. По изготвувањето на финалните листи, Министерството за економија истите ќе ги достави до универзалниот снабдувач со електрична енергија, ЕВН ХОУМ, со цел потврдување на внесените податоци за бројот на корисник и за бројот на место на потрошувачка и по добиен одговор од нивна страна Министерството за економија ќе изгови решенија за стекнување финансиска поддршка, потенцираше министерот и додаде дека средствата за финансиската поддршка за месеците јануари, февруари и март 2020 година ќе бидат засметани во сметките за потрошена електрична енергија кои се доставуват до потрошувачите во март 2022 година, при што доколку  износот на потрошена електрична енергија е помал од вкупната субвенција за овие три месеци, корисниците ќе бидат во претплата, кажа Бектеши.

Според јавниот повик корисниците на финансиска поддршка во текот на оваа година треба преостанатиот дел од износот на сметката за претходниот месец да го плаќаат во рокот за плаќање наведен на сметката.

Во спротивно, доколку корисникот на финансиска поддршка не го плати преостанатиот намален износ на две последователни сметки, Министерството за економија ќе донесе решение со кое се укинува решението за стекнување на финансиска поддршка.

„Во услови на прогласена криза во снабдувањето со електрична енергија, Министерството за економија со оваа програма годинава за прв пат ја воведе мерката за парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон“ кажа Бектеши.

Согласно јавниот повик, најранливите категории на лица со ниски примања до 30.000 денари кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

И тоа:

–  самец до 15.194 денари;

–  домаќинство со два члена до 18.000 денари;

– домаќинство со три члена до 21.000 денари

– домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и

–  домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари

Next Post

ССКЦ: По зголемувањето на минималецот, скалесто покачување и на останатите плати

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk