ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССКЦ: По зголемувањето на минималецот, скалесто покачување и на останатите плати

February 10, 2022 12:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на Клинички центар информира дека го поддржува покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и бара скалесто покачување на останатите плати. Оттаму соопштуваат дека доколку постојните колективни договори не се усогласат со минималната плата најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за минимална плата согласно член 8 од Законот за минимална плата, одредбите од колективните договори на кои се однесува Законот престануваат да важат.

– Најниската плата за најнизок степен на сложеност за полно работно време и нормален учинок согласно Спогодбата потпишана помеѓу Министерот за здравство и репрезентативниот синдикат која сега изнесува 14090,00 денари не може да биде пониска од минималната плата утврдена со Законот за минимална плата. Таа е основата со која согласно Колективниот договор се утврдува платата на сите вработени во јавните здравствени установи зависно од нивниот коефициент на сложеност, велат од ССКЦ.

Со покачување на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати се врши изедначување или приближување и несоодветен сооднос во месечните примања на различни профили занимања.

Со ова, како што посочуваат, се нарушува основниот принцип на Колективниот договор, а тоа е правилното вреднување на степенот на образование, кое ја одредува сложеноста и одговорноста на работното место.

– Практиката на покачувањето само на минималната плата без доследна примена на законските одредби за скалесто покачување на останатите плати доведува до оправдана реакција на останатите вработени, нивна демотивираност и намалена продуктивност и работна успешност. Каква ќе биде емпатијата, грижата, и љубезноста на медицинската сестра со средно стручно образование кон пациентите кога се знае дека нејзината основна плата е приближна на висината на сега покачената минимална плата. Крајниот резултат од покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати е Колективен договор кој e спротивен на Закон и e неважечки, намалена желба за стручно усовршување и континуирана медицинска едукација на здравствените работници и соработници и дополнителна причина за одлив на доктори и медицински сестри од јавното здравство, посочуваат од Самостојниот синдикат на на Клинички центар.

Извор: МИА

Next Post

Гир: Охрабрени сме од позитивниот развој и случувања меѓу Северна Македонија и Бугарија

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk