ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почина писателот, преведувач и универзитетски професор Драги Михајловски

February 21, 2022 17:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По долго и тешко боледување, денеска, почина македонскиот писател, преведувач и универзитетски професор Драги Михајловски.

Како што соопшти Друштвото на писатели на Македонија, со своето творештво Михајловски ќе остане запаметен како еден од најавтентичните и најсугестивни раскажувачи во македонската современа литература; со преводите, како еден од најплодните, но и наједуцирани и најуспешни пренесувачи на книжевните вредности од англосаксонската јазична сфера на македонски јазик; а со својата универзитетска дејност, како еден од најпочитуваните и најсакани професори на универзитетот.

Михајловски е роден во Битола на 16.10.1951 година. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1992 година, како и на на П.Е.Н. на Македонија и на Писателската асоцијација за мир од Вашингтон, САД.

Автор е на збирките раскази: Речно улиште, 1981; Ѓон, 1990; Скок со стап, 1994; Триполската капија, 1999; Раскази од шести кат, 2003; Пеперуткарот, 2009; збирката новели и раскази Глинениот човек, 2014; Раскази и споредбени коментари 2015; и уникатната комбинација на раскази и драми, Патот за рајот, 2017. Исто така, Михајловски ги има објавено и следните романи: Пророкот од Дискантрија, 2001; Смртта на дијакот, 2002; Мојот Скендербеј, 2006; Бајазит и Оливера, 2009; Должници, 2014; Швајцарија на Балканите, 2015 и Бдеењето на Одисеј, 2018. Има објавено и две книги за деца: Волшебното котле и други бајки, 1995 и Сиромавиот и чучурлигата, 2000, како и две студии од областа на преведувањето: Нераспнати богови, 1991 и Под Вавилон: задачата на преведувачот, 2002. Неговите прозни дела се преведувани на англиски, германски, француски, руски, унгарски, српски, хрватски, словенечки, албански, турски, бугарски и други јазици.

Од англиски на македонски има преведено повеќе од 110.000 стихови, меѓу кои 37 драми и 154 сонети од Вилијам Шекспир, епот Загубениот рај од Милтон, Беовулф од непознат автор како и проза од Тони Морисон, Кензабуро Ое, И. Б. Вајт, Стојан Христов и поезија од Т. С. Елиот, В. Б Јејтс, П. Б. Шели, В. Блејк, В. Вордсворт, Џ. Дан, Д. Волкот, Лез Мари, Б. Брејтенбах и др.

Добитник е на „Рациновото признание“ (1994) за книгата раскази Скок со стап, и два пати на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за романот Смртта на дијакот (2002) и за романот Мојот Скендербеј (2006).

– Михајловски ги има добиено сите награди за книжевни преведувачи во Македонија. Во 1996 година ја добива наградата „Григор Прличев“ за препевот на епот Загубениот рај од Милтон, а во 2006 година наградата „Зимски саем на книгата“ за препевот на сите сонети од Шекспир, како и наградата „Кирил Пејчиновиќ“ во 2009 година за неговите многубројни препеви и преводи на дела од англосаксонската книжевност на македонски јазик. Во 2013 година повторно ја добива престижната награда „Григор Прличев“ за препевот на Сите драми и сонети од Шекспир. Добитник е и на наградата „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста, наведуваат од ДПМ.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Во време на криза Муцунски троши 38.000 евра за компјутери а се жали дека општината нема пари

НАЈНОВО

Ако и по вториот круг не се изврши избор на градоначалник Владата именува повереник

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk