ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Годинава повеќе средства за културата во Охрид

March 8, 2022 09:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Годинава за културата во Охрид се издвоени повеќе средства за разлика од лани, односно сите институции од областа на културата во 2022 година добија поголем буџет, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која вчера ги посети националните културни установи во Охрид.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Охрид поседува ретко светско природно и културно богатство и имаме обврска да го зачуваме, и во таа смисла, посочи дека Заводот и музеј од Охрид доби четири милиони денари повеќе од минатата година.

Со средства од над 12 милиони денари, ќе реализираат 30 проекти од сите сегменти за заштитата на културното наследство.

Министерката за култура нагласи дека најголем буџет од Министерството за култура е издвоен за почеток на конзерваторско-реставраторските работи на заштитените градби, какви што се: Куќата на Момирови која е во сопственост на НУ Завод и музеј – Охрид и е лоцирана веднаш над Античкиот театар, Куќата на Калајџиеви од село Вевчани, како и зградата на ул. „Партизанска“ бб од Струга, за кои се обезбедени вкупно осум милиони денари.

Продолжуваат систематските археолошки ископувања на Самуиловата тврдина, а по долгогодишна пауза, стручните екипи повторно ќе се навратат на локалитетот Плаошник. Ќе започне и реализација на проектот за конзервација и реставрација на архитектурата на базиликата од ранохристијанскиот период кај „Св. Еразмо“.

– Обезбедивме средства за осовременување и подобрување на условите во изложбениот простор во музејот Куќата на Робевци и во Галеријата на икони, како и за збогатување на етнолошката збирка со виолината на познатиот охридски трубадур Климе Садило, рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека ќе продолжи постапката за доопремување со техничка опрема на конзерваторските лаборатории од НУ Завод и музеј – Охрид, во кои секоја година се конзервираат и реставрираат голем број движни наоди од музејските збирки.

Повеќе средства од буџетот на Министерството за култура за 2022 година се издвоени и за Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, каде што и годинава ќе се реализираат многубројни проекти, меѓу кои се манифестациите со традиционален карактер – „Прличеви беседи“ и „Балкански фестивал“. Министерството за култура издвои средства за набавка на нова светлосна лед-опрема за потребите на Театарот и на сите придружни манифестации што се одржуваат во установата, како и за промена на дел од застарената столарија.

– Костадиновска-Стојчевска го изрази задоволството од функционирањето на Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид, која ќе реализира девет проекти, а наскоро во Библиотеката ќе биде отворено Италијанското катче за чие опремување се очекува помош и од Италијанската амбасада во Скопје. Значително поголем буџет е издвоен и за фестивалот „Охридско лето“, кој за годинaшната фестивалска програма доби 32 милионa денари од Министерството за култура, за разлика од лани кога доби поддршка од 20 милиони денари, соопшти Министерството за култура.

Костадиновска-Стојчевска посочи дека ова се само мал дел од проектите со кои  се потврдува, како што рече, грижата за културата, за уметничките дострели и за креативните модели на Охрид како голем културен центар во земјава  и на Балканот. /MИА/.

Next Post

Збогум мој диктаторе, никогаш нема да добиеш љубов сосила, сите ќе танцуваме кога ќе умреш

НАЈНОВО

Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ, потпретседателката Ана Чупеска поднесе оставка

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk