ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украинско МНР: Руската Федерација да ги ослободи сите незаконски осудени граѓани на Украина

March 11, 2022 15:14
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Руската Федерација мора веднаш да престане со злосторствата во Украина, да ги повлече своите вооружени сили, платеници, нивното оружје и опрема од територијата на Украина и да ги ослободи сите незаконски осудени граѓани на Украина, вклучувајќи ги и Рамзи Бекиров, Риза Изотов, Шабан Умеров, Раим Ајвазов и Фарход Базаров, информираат од Амбасадата на Украина во Северна Македонија.

Изјавата на Министерството за надворешни работи на Украина Ви ја пренесуваме интегрално:

„Министерството за надворешни работи на Украина изразува протест во врска со неоснованата, политички мотивираната одлука на Јужниот окружен воен суд во г. Ростов-на-Дон од 10 март 2022 година да осуди на затворска казна петмина украински државјани според измислени обвиненија  во случајот на таканаречената „втора симферополската група „Хизб ут-Тахрир“.

Заедно со тековните цинични и варварски убиства на украински цивили, бомбардирањето на украинските градови и други населени места, редовното нарушување на договорот за отворање на хуманитарни коридори, уништувањето на критичната инфраструктура, заземањето на украинските нуклеарни централи и нивниот персонал,Руската Федерација ја продолжува срамната практика на политички прогон на украинските граѓани кои се незаконски приведени на привремено окупираните територии на нашата држава.

Со судска одлука осудени се граѓанскиот новинар на „Кримска солидарност“ Ремзи Бекиров и активистот за човекови права Риза Изотов – на 19 години затвор, Шабан Умеров – на 18 години, Раим Ајвазов – на 17 години, а Фарход Базаров – на 15 години.

Наведените државјани на Украина беа приведени на 27 март 2019 година од страна на руските безбедносни сили на територијата на привремено окупираната Автономна Република Крим за време на масовни претреси и приведувања, а последователно со целосно непочитување на основните правила на меѓународното хуманитарно право илегално пренесени се во Русија во г. Ростов-на-Дон, неоправдано обвинети од руската страна, меѓу другото, за учество во активности на терористичка организација.

Непочитувањето на доказите од страна на судиите за невмешаноста на обвинетите во инкриминирачките дела, како и недопуштањето на територијата на РФ на адвокатите и роднините за учествуво во судењето за време на изрекувањето на пресудата, е уште еден доказ за политичката мотивација на одлуката за затворање на украинските граѓани.

Руската Федерација мора веднаш да престане со злосторствата во Украина, да ги повлече своите вооружени сили, платеници, нивното оружје и опрема од територијата на Украина и да ги ослободи сите незаконски осудени граѓани на Украина, вклучувајќи ги и Рамзи Бекиров, Риза Изотов, Шабан Умеров, Раим Ајвазов и Фарход Базаров.

Руската Федерација и нејзиното воено-политичко раководство мора да снoсат одговорност за сите меѓународно незаконски дејствија извршени во Украина, кршење на меѓународното хуманитарно право и масовни злосторства врз цивили.

Ја повикуваме меѓународната заедница да го осуди тековното кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на Русија во Украина, долгогодишната употреба на политички прогон на украинските граѓани кои не се согласуваат со окупацијата и да ги зајакне санкциите против Руската Федерација и нејзиното политичко раководство.

Ги повикуваме нашите партнери порешително да ја поддржат Украина, која денес ја штити Европа од ширењето на „рускиот мир“ и руската агресија по цена на илјадници животи. Затворањето на небото над Украина и зајакнувањето на системот за противвоздушна одбрана на нашата земја ќе помогне што поскоро да се стави крај на хуманитарната катастрофа предизвикана од вооружената агресија на Русија врз украинскиот народ.“

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани 302 нови позитивни случаи на Ковид-19, оздравени 315, починати 6 лица

НАЈНОВО

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

November 2, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Прва свадба во Нотр-Дам по 30 години: Дрводелецот што ја обновуваше катедралата се ожени

November 2, 2025

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk