На денешен ден, 1941 година, Нацистичка Германија без објава на војна ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот.
Нападот започнал околу 6.30 часот наутро. Во првиот бран во нападот учествувале повеќе од 200 нацистички авиони бомбардери. Во четири напади тој ден, учествувале 484 бомбардери, фрлајќи околу 360 тони бомби врз градот.
Априлската војна, како што посочува Википедија, е име за германската инвазија (кодно име Директива 25) на Кралството Југославија на 6 април 1941 година. Оваа операција го означи почетокот на Втората светска војна во Југославија. Нападот е направен по копнен пат, од неколку правци.
Германски, италијански и унгарски војници навлегле на територијата на Југославија од Италија, Австрија (тогаш дел од Третиот рајх), Унгарија, Романија и Бугарија. Тешко е бомбардиран Белград. Во исто време започнал германскиот напад на Грција со кодно име Операција Марита. Војната завршила во 17 април 1941 година со капитулација, окупација и поделба на Југославија. На кралското семејство и некои претставници на владата на Кралството Југославија заминале во егзил во Велика Британија.
Според бројни историски извори, априлскиот напад бил одмазда на Хитлер за 27 март 1941 година, кога владата Цветковиќ-Мачек и гувернерот, чиј прв човек бил принцот Павле Караѓорѓевиќ, биле соборени поради потпишувањето на пактот со Германија.
„Воздушниот напад врз Белград имаше исклучиво политичко-терористички карактер и немаше никаква врска со војната. Тоа бомбардирање беше прашање на суета на Хитлер, негова лична одмазда“, рекол германскиот фелдмаршал Евалд фон Клајст на повоеното судење.






