ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Епохален тонч од Белград за Софија, виа Битола!

Во балканскиот етно-империјалистички натпревар, „српскиот свет“ во Македонија и понатаму е во убедливо водство пред „бугарскиот свет“, иако би можело да се тврди дека зад таа трка кон дното генерално стои „рускиот свет“, ама ајде сега да не ја тенчиме... Но, „тапијата“ за постоењето на „македонскиот свет“ – мултикултурен и демократски – веќе не е во архивите на минатиот век.

April 19, 2022 08:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Занимливо е како официјална Бугарија, во оваа историска фаза, избра да го „затвори“ спорот со Македонија, заокружувајќи полн круг од Втората светска војна до денеска: во виорот на таа светска воена хаварија, Царска Бугарија одбра да застане на страната на фашизмот, меѓу другото, и бидејќи низ таа идеологија и прагма видоа историска шанса за окупација и бугаризација на Македонија; за денес, со бугарските ненаучени историски лекции од тој воено-политички дебакл, да се вратат на истите позиции по „мирнодопски пат“ – ни помалку ни повеќе, туку во една евро-интегративна рамка! – промовирајќи го тогашниот еминентен фашистички пропонент Михајлов на истата таа окупаторска идеологија како денешен „мост“ за иднината на македонско-бугарските односи.

Дали е случајно што на Бугарите оваа неславна историска репетиција им се случува во ситуација на опасната можност Европа и светот да западнат во нова воена хаварија, овој пат предизвикана со руската агресија врз Украина? Во најмала рака, тоа би била непријатна коинциденција, особено имајќи го предвид внатрешно-политичкото „клатење“ на Бугарите на чија страна да застанат и во оваа голема континентална криза. Скриен талент ли е во прашање, што ли?!

Бидејќи, дури и љубителите на ликот и делото на Михајлов не велат дека тој не бил фашист (со сите практични злосторнички дребулии што ги подразбирал тој политички ангажман), туку само дека низ таа идеологија, во дадениот историски момент, тогашниот софиски великобугарски експонент гледал можност да се оттргне Македонија од големосрпската пропаганда и да се врати кон своите „бугарски корени“.

Но, кога самоволно ќе одберете (овде мислам на денешната бугарска врвна политичка елита) еден ноторен бугарски фашист да ја „брани“ и современата бугарска политика кон соседна Македонија, тогаш зошто ве чуди резултатот што може да се опише со синтагмата „дупло голо“: не само што огромното мнозинство од македонските граѓани (да, не само етничките Македонци, па дури и оние со бугарски пасоши меѓу нив) се дополнително скандализирани од оваа бугарска „добрососедска инвазија“ кон Македонија; туку ден по дипломатско-политичкото бугарско фијаско во Битола токму српскиот претседател Александар Вучиќ, со извонредно чувство за моментот, маестрално ја поентираше „српската пропаганда“ во Македонија со лапидарната изјава: „Ништо не бараме од Македонија, само да бидеме пријатели и браќа“…

Епохален тонч од Белград за Софија, виа Битола! Во нивниот балкански етно-империјалистички натпревар, „српскиот свет“ во Македонија и понатаму е во убедливо водство пред „бугарскиот свет“, иако би можело да се тврди дека зад таа трка кон дното генерално стои „рускиот свет“, ама ајде сега да не ја тенчиме… Но, „тапијата“ за постоењето на „македонскиот свет“ – мултикултурен и демократски – веќе не е во архивите на минатиот век.

Сега е тешко да се предвиди како, воопшто, може да продолжи македонско-бугарскиот дијалог воспоставен во новата рамка за односи на Петков и Ковачевски. Таа „нова рамка“ и беше резултат на разбирањето на некои прогресивни бугарски кругови (од насоката на „американскиот свет“ на Балканот) дека политиката на Софија кон Скопје е погрешна не само од аспект на европскиот интерес кон регионот – еве, македонскиот интерес и да не го земаме предвид – туку и на самата Бугарија во однос на Македонија. Но, со викенд-дебаклот во Битола работите се вратени точно онаму каде што беа пред да се поставува „новата рамка“ за унапредувањето на билатералните односи.

Можеби напредок, сепак, има. Кога Европската Унија би сакала, сега уште појасно, да ги согледа неразумните позиции на Бугарија во однос на Македонија, дојдено е време да се „материјализираат“ притисоците врз Софија за симнување на ветото. Овој „билатерален историски спор“ веќе нема каде да оди, бидејќи целата добра волја, а и маневарскиот политички простор од македонска страна се исцрпени. Многу е мала веројатноста дека Брисел би направил нешто во таква насока, бидејќи е мала веројатноста дека Петков политички би го преживеал продолжениот обид да ја однесе Бугарија на вистинската страна на историјата во овие драматични европски воено-политички превирања. Да, неговиот политички опстанок во Софија веќе ги надминува македонско-бугарските односи и е прашање на руско-западните односи. Во таа „равенка“ Македонија е многу подоверлив, но Бугарија е многу поважен европски играч.

Сепак, работата на македонската политика и дипломатија е на вистински начин во Брисел да ја резимира и оваа фаза од односите со Бугарија. Време е со ЕУ – под услов г. Макрон да победи во вториот круг на француските претседателски избори – да расчистиме на што сме. Оти, не е ред уште една македонска влада, по онаа на Заев, да го доведува својот политички опстанок во прашање, меѓу другото, и заради национал-шовинистичките хирови на Софија. Живееме во опасни времиња за да си дозволуваме баш таков луксуз.

 


Преземено од ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

фото: ФБ „Имеџин Непал“

Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри

July 20, 2025

Загина мотоциклист на автопатот Табановце-Куманово

July 20, 2025

Јаневска: Ако се појави можност дел од образовните асистенти трајно да се вработат, со задоволство тоа ќе го прифатам

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk