Традиционалните пожари во Сибир се веќе двојно поголеми од минатата година и станаа неконтролирани, бидејќи руската војска, која обично се бори со нив, моментално војува во Украина.
Детали: Сепак, пожарите станаа пошироко распространети оваа година бидејќи многу воени спасувачи и пожарникари беа испратени во Украина. Џесика Мекарти, климатски истражувач на Универзитетот во Мајами во Охајо, објаснува дека често се потребни воени авиони за гаснење на пожарите во Сибир, па затоа е сомнително дека Русија ќе ги има дури и во лето, ако војната продолжи. Исто така, според неа, Путин ќе мора да избере – или повеќе пожари во Сибир или да повлече некои авиони и војска од војната во Украина.
Ваквите пожари се опасни бидејќи ги топат глечерите на север, што доведува до ослободување на јаглерод диоксид и метан во атмосферата. Чадот од пожарите ги зафати Новосибирск, Омск и Краснојарск. Воведен е посебен пожарен режим во областите Воронеж, Калининград, Самара, Курган,
Тјумен, Свердловск, Омск, Амур, Трансбаикалија, Хабаровск, Краснојарски крај, Хакасија, Тува и Бурјатија. Овој режим забранува посета на шуми. „Недалеку од Омск, повеќе од 100 хектари борова шума горат долж автопатот Черлак. Маглата и чадот од пожарите може да се видат на десетици километри, вклучително и во Омск. Во меѓувреме, гувернерот на регионот одржува фестивали за Путин, и воопшто не е јасно што прави регионалното Министерство за вонредни ситуации“ – твит на граѓанското здружение на Омск.
Превод: Жорж Ј Димовски