Михајло Подољак, советник на украинскиот претседателот Володомир Зеленски, соопшти дека руската војска сè повеќе потсетува на милитантите на ИСИС. Според него, окупаторите бараат пари од мајка на заробен украински војник, да им бидат доставени најдоцна до понеделник, во спротивно, следното видео ќе биде од егзекуција на синот, пренесува Фокус.уа.
Советникот на шефот на Кабинетот на претседателот Михаил Подолијак објави информација во која вели дека руски војници руски окупатори и испратиле видео на жената со нејзиниот син (Алексеј Новиков), а побарале и откуп.
Це відео надіслали матері українського полоненого російські солдати. Вони вимагають €5000 до понеділка, інакше на наступному відео буде страта її сина. ?? військові дедалі більше нагадують бойовиків ІДІЛ. Росія має бути визнана державою-терористом. pic.twitter.com/Xbg7z15rJp
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) April 25, 2022
„Ова видео е испратено до мајката на еден украински затвореник од руски војници. Тие бараат 5.000 евра до понеделник, инаку следната снимка ќе биде од нејзиниот погубен син… Руската војска се повеќе потсетува на милитантите на ИСИС. Русија мора да биде препознаена како терористичка држава“, напиша Подољак.
Russian soldiers sent Olga Novikova, founder/director of Mariupol film festival video with her captured son demanding to pay 5000 Euro ransom for his life. If not they promised to send video of his execution. links in comments. pic.twitter.com/VBtauH45IZ
— Andrei Kurkov (@AKurkov) April 25, 2022
Според неофицијални информации, станува збор за синот на Олга Новикова, основачка и директорка на филмскиот фестивал во Мариупол.
Обработка: И. З.