ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

En Marche! En route! Му вели сега Заев на Макрон!

April 28, 2022 12:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Оваа порака, што францускиот претседател Макрон му ја напишал на поранешниот македоски премиер Зоран Заев, а на која тој нè потсети деновиве од „панелката“ во Струмица, ме натера да размислам за нејзината суштина. Не знам кога се случило тоа, но симболиката е многу голема. Прво од кого доаѓа, потоа до кого како личност е упатена и на крајот за кого всушност се однесува.

Таа во превод значи „Продолжи по патот“, или во послободен превод „Продолжи напред, по патот по кој си тргнал“.

Тоа е навистина моќна порака упатена од лидер кој и самиот воспостави свој пат по кој ја поведе не само својата Франција, туку стана и реформатор на, по малку зачмаената, Европска Унија. Тие патишта беа трнливи и не секогаш благопријатни за оние за кои беа наменети. Некои од тие одлуки беа дури и поразителни за Македонија, како што беше ембаргото од страна на Франција, за почеток на преговорите со ЕУ. И Макрон беше свесен за тоа. Но и покрај тоа, тој го препознава лидерството на оној на кого му ја упатува пораката. Затоа и му вели на Заев: En Marche! En Route! „Продолжи по патот“или со други зборови, не се обесхрабрувај, секој ново утабан пат е тежок!

И Заев навистина продолжи. Продолжи да „тера“ по својот пат, честопати со глава у ѕид. Со „Едно општество за сите“, со „Отворен Балкан“, со „Договорот со Бугарија“.

Тоа е тој пат, кон ЕУ.

Врти, сучи, за Македонија (нека е и Северна) нема друг пат, Затоа што таа е земја што не само географски и припаѓа на Европа, туку и затоа што тоа е вековен стремеж на македонската револуционерна и интелектуална елита, својот народ да го стави рамо до рамо со европското семејство на народите.

И сега, кога Македонија е на дофат да го направи последниот чекор и да ја мине европската порта, Зоран Заев, од Струмица, дипломатски му ја препраќа истата порака на Емануел Макрон, честитајќи му ја победата на изборите: En Marche! En route!

Но, сега значењето е поинакво. Сега Зоран Заев го потсетува Макрон дека нему му е редот да продолжи со идејата за проширување на Унијата, a прашањето за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија да се реши до крајот на франуцското претседателство во јуни.

Но ЕУ заглавена во механизмот на одлучување со консензус станува заробеник на, како што вели Заев: „Една земја членка да блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини“!

„Дали ваквиот начин на одлучување во Унијата е механизам со кој се развива европската идеја?, прашува Заев.

„Ако не е,  тогаш променете го начинот на носење одлуки“, им порача Зоки на Европејците.

Иако ЗЗ не е присутен на политичката сцена извесно време, тој покажува лидерство и од позадина, кога станува збор за националните интереси на државата. И храброст да им укаже на најдиректен начин:

„Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот,  ЕУ не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата.

Ова е време кога лидерите на ЕУ треба да се одважат по овие прашања и да преземат политичко лидерство – онака како што тоа го правеа основачите на ЕУ. Треба да ни е јасно на сите дека доколку основачите на ЕУ калкулираа со сопствените рејтинзи, тогаш ЕУ немаше ни да се создаде“.

Војната во Украина е доволна причина евроинтеграциите на Балканот да не бидат веќе само политичко прашање, туку и безбедносно. Оттаму и пораката што од трибината во Струмица ја упати поранешниот премиер Заев дека Руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионов. Особено нашето, македонското прашање.

Тој со право забележува дека не се лесни одлуките да се застане против братскиот православен руски народ. Но сепак е вежно што се прави разлика – ние не застануваме наспроти рускиот народ, туку наспроти воената агресија на Путин врз суверенитетот на Украина.

За него сè е само прашање на храбро лидерство, без компромиси. Својот пример со Договорот од Преспа го става како завет.

„Северна Македонија направи многу за себе, но и многу за Европа.

На Балканот и на Европа им дадовме модели, примери, успеси.

Договорот од Преспа е нашиот влог во иднината на Европа.

Ние сме подготвени да чуеме, да прочитаме и да видиме и подобри примери.

Во меѓувреме – следете го нашиот.“, му порача на Брисел, Зоран Заев од Струмица.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Започнува ЕМОФ Скопје 2025

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk