ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика

Целта на државното тестирање е да се добијат објективни податоци за остварувањето на стандардите на постигнувањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование.

June 1, 2022 10:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари денеска почна првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение. Го спроведува Државниот испитен центар (ДИЦ) и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик.

Ќе бидат тестирани 4.200 ученици по мајчин јазик (македонски јазик или албански јазик) и 1600 ученици по математика (на македонски и на албански јазик).

Целта на државното тестирање е да се добијат објективни податоци за остварувањето на стандардите на постигнувањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование.

Според МОН и ДИЦ, ваквите податоци ќе обезбедат докази за развој и унапредување на образовните политики во насока на достигнување на современите светски образовни стандарди.

Почетокот на тестирањето во ОУ „26 Јули“ го посетија министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска.

-Имав можност да го посетам државното тестирање по мајчин јазик и математика и да им кажам на учениците без страв да ги одговорат прашањата што им се доставени. Ова не се тестови за оценување на нивните поединечни знаења, туку го оценуваат системот на основното образование. Нашата цел е со користење стандардизирани процедури и инструменти  да измериме колку успешно нашиот образовен систем им овозможува на учениците да ги совладаат содржините по предметите по кои се прави тестирањето. За да го направиме тоа, потребни ни се податоци за знаењето што учениците го стекнале во текот на целата учебна 2021/2022 година, рече Шаќири.

На 18 и 19 мај 2022 година беа одржани обуки (на македонски и на албански јазик) за организација на тестирањето, на кои учествуваа околу 240 директори и координатори од основните училишта кои се избрани во примерокот за тестирање./MИА/.

Next Post

Роман Абрамович го тужи Советот на ЕУ

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk