Обраќање на премиерот Ковачевски на лидерскиот Самит Отворен Балкан во Белград.
На Самитот дел од ресорните министерства на трите држави ќе потпишат договори меморандуми за соработка и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.





