ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Дир: Потврдени одличните билатерални односи, Украина високо ја цени помошта и поддршката од Северна Македонија

September 15, 2022 17:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир.

Џафери ѝ посака на амбасадорката Дир успешно извршување на дипломатската мисија во земјава, нагласувајќи ја нашата цврста и недвосмислена поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, како и подготвеноста за натамошна политичка, економска, хуманитарна и безбедносна поддршка во соочувањето со предизвиците, соопшти собраниската прес-служба.

Тој оценил дека назначувањето нова амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, веднаш по завршувањето на мандатот на претходната, е потврда за одличните билатерални односи меѓу две земји. Нагласувајќи ја плодната меѓупарламентарна соработка, Џафери посочил дека парламентарните групи за соработка на Собранието на Република Северна Македонија и Врховната Рада на Украина редовно остваруваат комуникација.

Тој се осврнал на неговата посета на Украина во април годинава и нагласил дека е охрабрувачки што украинските институции успешно функционираат во овие, како што рекол,  тешки времиња за украинската и европската безбедност. Истовремено, оценил дека се потребни заеднички напори за хуманитарен одговор, а злосторствата врз цивилното население мора да бидат истражувани и сторителите мора да одговараат.

Амбасадорката Дир информирала за состојбата во Украина по воената агресија од Руската Федерација и се заблагодарила за поддршката од Собранието на Република Северна Македонија уште на самиот почеток на војната.

Таа особено ги нагласи усвојувањето на Декларацијата за Украина и посетата на претседателот Џафери, како еден од првите високи претставници што ја посетил Украина по руската агресија. Амбасадорката нагласи дека Украина високо ја цени помошта и поддршката од Северна Македонија во сите сфери, вклучително поддршката за Меѓународната платформа за Крим. Таа  информираше дека на претстојниот Прв парламентарен самит на Меѓународната платформа за Крим, што ќе се одржи следниот месец во Загреб, ќе биде инаугурирана парламентарната димензија на оваа Платформа, се вели во соопштението од Собранието.

Соговорниците изразиле уверување дека плодната и успешна соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Амбасадата на Украина ќе продолжи да се развива со уште поголем интензитет во иднина.

Next Post

Македонското студио за анимација и ефекти ФХ3Х стана дел од светската групација Синесајт, во следните пет години планираат вработување на 120 лица годишно

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Трамп го повика израелскиот претседател да го помилува премиерот Нетанјаху

November 12, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

November 12, 2025

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалување на буџетот: За ретките болести се планираат 17,5 милиони евра, а потребни се повеќе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата во тишина, европските фондови во блокада – ИПАРД 3 заглавен, земјоделците казнети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk