ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски, вели, за скопјани Гаспром, за сите останати „црвен бан“

October 6, 2022 10:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ја слушнав „концепцијата“ за мазут и гас на Мицкоски предложена до Владата на РСМ. На почетокот, во воведниот дел од зборувањето пред Владата, Мицкоски, нашиот „премиер на резервна клупа“, тргна типично демагошки, завиено, општо, како што „му личи“ на еден десничар од „народот“. Е, сега, големо прашање е тоа дали навистина е од народот или, овој човек, едноставно е лобиста на некои руски структури од луѓе, групи и интересџии. Во речениците кои следат, ќе се обидеме да дадеме одговор на тоа.

Имено, Мицкоски ни нуди некаков контакт, во смисла, „познајем човека“, или „ја и него сме ‘ко нокат и месо’“, што би рекол Радован „треќи“; ни нуди Мице некоја лична релација со рускиот Гаспром. Ќе речете, преку кого Мицкоски ни нуди мазут и гас во нашата држава? Сега може да шпекулираме: руското лоби во Северна Македонија (?), Груевски лично (?), можеби Орбан лично (не е тајна дека Орбан и Путин се „на изволте“)?

Од друга страна, некој може да праша: што би значел таквиот личен контакт? Па, тоа би значело дека Мицкоски, како прво решение за кризата, има претпоставка која „веројатно ќе фати“. Демек, имам јас човек тамо-и-тамо, и само тој човек може да го одврти вентилот за мазут и гас на скопјани. Ако тој човек има волја да го одврти вентилот, во ред; ако не го одврти вентилот, тогаш на сите sвонци ќе раскажам по народот и сенатот дека Владата е неспособна, не разбира ништо, не може да донесе топлина во државата.

Од прилика, тоа е „концептуалната претпоставка“ на Мицкоски упатена до Владата за решението на кризата. Така Мицкоски ја разбира својата улога во општеството како „конструктивна опозиција“.

Типично десничарски и демагошки: јас ви дадов број, контакт и релација, неспособни едни, така им рече (или така ни рече) Мице, нашиот „премиер на резервна клупа“.

Другата работа која Мице ја кажа, што мене директно ми отиде на онаа работа е, катастрофалната состојба со ТЕЦ Неготино, Осломеј, РЕК Битола… Не се сомневам дека ситуацијата со овие термоелектрани е лоша, знаејќи кога се направени, знаејќи какви неранимајковци и искомплексирани суртуци имавме на власт претходните триесетина години. Никој да мрдне со прст, никој да ги стави во кондиција, никој да ги сервисира, никој да ги опреми, а што пари се потрошија на трици и шлајшупки и останти привилегии на едикојси бирократи и чиновници.

Која е таа работа што ја кажа Мицкоски, а тебе ти појде „на онаа работа“, море, Јовановиќу?

На почеток, пред некој да ме нарече провинцијалец, сељачина, да кажам дека живеев во три југословенски метрополи, таму играв светска работа и го сонував својот живот. Како што впрочем и денес го сонувам, само што се наоѓам на многу помал географски простор од порано. А оние кои ме знаат, знаат многу добро за што зборувам. Што значи тоа провинцијалец може да остане, ама не мора да значи.

Мицкоски за скопјани предлага греење од Гаспром, а за останатиот дел од Северна Македонија нуди „црвен бан“. Не се сомневам дека на парно греење во Скопје се „наштекани“ од 150 до 250 илјади граѓани, и тоа е сè во ред. И треба да добијат парно скопјани. Е, па, што ти е проблемот море, Јовановиќ?

Проблемот е што енергетската криза не е само во Скопје, ами и на останатиот дел од земјичката. Еден кубик дрва за едно семејство чини 4.000 денари, пелети има само македонски, а дистрибутерот со кој разговарав ми вели дека квалитет е слаб, а на пазарот засега нема пелети српски и босански кои биле со поголем квалитет. Една вреќа чини од 380 до 420 денари; две вреќи дневно, удри го есапот месечно, комшија!

Јас, да речеме, оваа зима ќе го комбинирам греењето: малку клима (која не е инвертер) и малку пелети, а многу повеќе јоргани, дифтици и јамболии. Јебига, комшија, криза. За греење, да речеме во три ладни месеци, мојот домашен буџет ќе го чинат, ако разбирам математика (а математика ми беше еден од најодвратните предмети во основно училиште), околу 1.500 евра. Тие пари, за мене, богат како црквен глушец, се страшно многу пари. И овие мои маки, грижи и конкретни средства кои треба да ги потрошам, се маки и грижи на сите оние граѓани кои не се „нашприцани“ на централно греење во Скопје.

Значи никој нема проблем со скопјани – нека се живи и здрави – скопјани имаат фантастична инфраструктура која им остана од времето на позниот (или брозниот) социјализам. Проблемот е скапата струја и „оѓин“ пелети. Или имате ситуации во кои луѓе пред неколку години купиле котел на пелети, па денес го пломбираат и се префрлаат на дрва. Така што, слабо вајде „народот“ има од претпоставките на Мицкоски.

Натаму, Мицкоски вели Гаспром. Добро, а што ако америте речат, пријатели, одете на Александропулус, на пример? Кој може да ни гарантира дека одвртувањето на вентилот за скопјани од Гаспром нема да има политички импликации, условувања, премолчувања, вртење на глава, може и одвртувањето на Гаспром да значи и премолчување на криминалите „од“ и „во“ Белата палата, може да значи и некои други тргувања и условувања на Мицкоски до Владата?

За овие прашања, никој ни реч. Само разбравме дека решението на сето енергетско срање во државата е во вентилот на Гаспром.

Добро, разбравме. За скопјани Гаспром, за сите останати „црвен бан“. Добро, и тоа го разбравме.

Нема Гаспром, нема ништо од тоа. Нема Русија. Аш! Нема коркачење и нема килавење: плаќањето за греење од Гаспром, ја плаќаш војната во Украина, Мице, „државниче“. Па, можно, ли, е, бре, Мицкоски да е толкава кукавица? Можно ли е до толку да нема кичма и морал во себе? Бегај, бе, пиле. Оди легни си, за греота си, душо бедна.

Подобро со јамболии, дифтици и ќебиња, одошто соучесник и финансиер во убиства на братска Украина.

Сла́ва Украї́ні!


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Македонскиот актер Ерман Шабан: Балканска приказна е приказна за сите нас, тука во Скопје е заеднички животот

НАЈНОВО

До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот

Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа – во Рафа и Кан Јунис

November 2, 2025

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk