ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Поранешниот претседател на ССМ Митрески контра актуелното раководство на ССМ

August 23, 2024 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Живко Митрески, поранешен претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, денеска на прес-конференција се осврна на барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на платите тврдејќи дека актуелниот претседател на ССМ Слободан Трендафилов ја замајува јавноста. Трендафилов, пак, кој исто така присуствуваше на прес-конференцијата, рече дека ССМ е репрезентативен синдикат и дека остануваат на барањето за зголемување на платите.

– Да упатам јавна критика во делот на однесувањето на г. Трендафилов и замајувањето на јавноста за зголемувањето на платите. Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме врз основа со легитимните синдикати да направиме реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство, а не повикување на нешто што е спротивно на сите стандарди, рече Митрески.

Тврди дека е нелегитимно сменет од функцијата со решение потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.

– Пристигнато е најново барање од страна на ЕУ до претседателот на Владата на Република Македонија, исто така и до министерот за економија и труд со кои бараат елиминирање на сите решенија, посебно на решението на госпоѓата Ременска со кој нелегитимно бев променет од позицијата претседател на ССМ, изјави Митрески.

Актуелниот претседател на ССМ, пак, во изјава за медиумите рече дека остануваат на барањето за зголемување на платите.

– Мене ми е многу жал што претседателот Митревски се уште живее како да е 2017 година, 11 август, кога бил променет од функцијата. Од тогаш до денеска се поминати повеќе од шест години. Ние како ССМ остануваме на ставот дека платите во Македонија мора да се зголемат. Политичките памфлети, политичките напади врз претседател на ССМ, врз ССМ како организација, врз работниците ги отфрламе и сметаме дека се крајно несериозни особено поради тоа што ССМ е единствениот репрезентативен партнер во оваа држава на работодавачите и на владата и особено поради тоа што во изминатиот период успеавме да покажеме дека не само со социјален дијалог туку и со штрајкови и со преговори и со блокади ќе успееме да го направиме тоа што го правиме најдобро за работниците, а тоа е зголемување на нивните плати, изјави Трендафилов.

Митрески беше претседател на ССМ до 2017 година кога функцијата ја презеде Дарко Димовски.

Tags: Живко МитрескиСлободан ТрендафиловССМ
Next Post

СОНК не отстапува од барањето зголемувањето на платите да се случи оваа година, Неделков: Tоа што ни следува по закон треба да ни го платат!

EVN

НАЈНОВО

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk