Девет лица се убиени во училиште во австрискиот град Грац

Девет лица се убиени во средно училиште во австрискиот град Грац, соопшти локалниот градоначални, пишува Би-Би-Си. Се верува дека ученици и наставници се меѓу загинатите по истрелите во средното училиште Драјершиценгасе. Портпаролот на полицијата изјави за јавниот радиодифузен сервис дека се верува дека осомничениот вооружен напаѓач се самоубил.