ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: Ако се појави можност дел од образовните асистенти трајно да се вработат, со задоволство тоа ќе го прифатам

July 20, 2025 11:53
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти зашто потребите во училиштата се променливи, вели министерката за образование Весна Јаневска. Во интервју за Радио Слободна Европа, таа порачува дека ако во иднина се појави можност дел од асистентите трајно да се вработат, тоа со задоволство ќе го прифати, но нема да дава лажна надеж.

Министерката најавува оптимизирање на дел од училиштата, но не прецизира колку од нив ќе бидат затворени. Информира дека некои школи се веќе со клуч на врата, веројатно околу стотина подрачни каде нема деца и таму на градоначалниците им се препорачува да ги пренаменат објектите – за старски дом или некаков клуб.

Во врска со резултатите од ПИСА тестирањата, Јаневска најмала грешка гледа во наставниците, а поголем притисок и  предизвик, како што нагласува, наоѓа кај родителите и целото општество.

-Мојата порака до родителите е да бидат мирни. Министерството, кое е надлежно за ресурсните центри кои што ги објавуваат конкурсите за образовни асистенти, комуницира, е во контакт и врши одреден надзор. Но, сепак, родителите треба да знаат дека најпрво училиштата пријавуваат колку образовни асистенти им се потребни. За тоа треба време, прво да се запишат децата, па училиштата да утврдат колку деца имаат со посебни образовни потреби за да можат да пријават до ресурсниот центар. Образовните асистенти не се трајно вработени. Причината е што потребите за нив секоја година се менуваат. Ако се зголемат потребите, ние го зголемуваме бројот на асистенти, објаснува Јаневска.

Минатата власт завршила со 300 асистенти помалку од оваа година.

-Тогаш биле ангажирани да речеме околу 1 000 асистенти, а сега се ангажирани 1 876 за основно образование. Предвидовме, без да ја знаеме реалната бројка што ја очекуваме и за средно образование околу 150 асистенти и обезбедивме средства за нив. Штом ги добиеме финалните бројки, ќе продолжиме со процедурите за обезбедување образовни асистенти, децидна е Јаневска.

Според неа, резултатите од ПИСА јасно ги лоцираат проблемите.

-Ќе почнам од најдалечните проблеми – тоа што несериозно се сфаќаше ПИСА тестирањето, и меѓу наставниците и меѓу учениците не беше јасно дека ПИСА тестирањето ја претставува државата. Друго, учениците, бидејќи знаеја дека тоа не е за оценка, многу лежерно се однесуваа кон ПИСА тестирањето. Трето, има грешки во преводите на ПИСА тестирањето, барем така ми кажуваат стручни лица, и тој превод ќе треба добро да се провери и да се направи посоодветен. Четврто, наставниците треба да знаат на што треба да обрнат внимание и ние тоа го работиме. Бирото за развој на образованието веќе работи со наставниците за да им посочи на што треба да обрнат внимание, кога децата се подготвуваат за животот – не за ПИСА тестирањето, вели министерката.

Нејзино лично мислење за објектите на ФЕИТ и факултетот за физичка култура, е дека намерно биле оставени 10 години, зашто се почнати како проект на ВМРО-ДПМНЕ, без да се размислува дека се во корист на студентите, професорите и знаењето. Тие две згради во овој мандат ќе бидат доградени, најавува јаневска. Ќе се почне со едната, па потоа ќе се продолжиме со другата.

-Научно-технолошкиот парк нема никаква врска со тие две згради. Тие две згради се политика на МОН, политика на државата, а научно-технолошкиот парк е неопходна потреба на државата, подвлекува министерката во интервјуто за Радио Слободна Европа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јаневска

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Започнува ЕМОФ Скопје 2025

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk