ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Првични резултати за квалитетот на воздухот во Трубарево за седум дена

September 15, 2025 15:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.

Мираковски вели дека ќе се анализираат 32 елементи, како и никел, кадмиун, арсен, олово и жива. 
-Анализите вклучуваат целосен хемиски состав-елементарен состав на честичките, како и дополнително се анализираат водорастворливите јононитрати, сулфати, амониуми, хлор, калиуми елементарен јаглерод. Тоа е стандарден сет на анализи коишто ќе ни овозможи заедно со метлите, вклучително и регулираните метали да направиме проценка на квалитетот на воздух во наредните неколку дена, рече Мираковски.

Тој посочува дека во моментов не може да се определи зоната на дисперзија на честичките што се ослободени во воздухот. Тоа зависи од количината и видот на матрејалот што изгорел, но и од атмосферските услови. Првична проценка тешко може да се направи, бидејќи какошто вели Мираковски се уште нема точни информации што точно имало во складот. Забележува дека со согорувањето на литиумските батерии и пластика се формираат и гасови и честички и дел од нив се трајни органски загадувачи.

-Не се работи за фабрика, туку за склад и нема точни информации колкави количини имало од материјали внатре. Кога ќе се добијат сите информации може со реверзибилно моделирање да се процени зоната, а може и со директно земање примероци од околината, по некаков распоред и да се утврди колкава е таа зона која преставува ризик. Тоа зависи од многу фактори и било каква дискусија, односно раширувањето во поголем простор ја намалува концентрацијата и не би требало да се очекува некаков хемиски ризик во екстремно голема зона, изјави Мираковски. Тој додаде дека освен на воздхот, предвидено е да се прават анализи и на водата и почвата во регионот. По утврдувањето на овие параметри ќе биде познато дали ќе треба да се врши чистење и санација на евентуално контаминиранат зона. 

Next Post

​Итна помош во Трубарево: 13 интервенции, една пациентка задржана на Токсикологија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Правила за избор на градоначалник: Победува кандидатот со најмногу гласови, ДИК резултатите ги објавува во рок од 12 часа

November 2, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ЈО: Изборниот ден помина мирно со само еден инцидент во Шуто Оризари

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk