ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува собраниската расправа за ребалансот, ќе се „испеглаат“ ли разликите меѓу политичките блокови?

Ребалансот е така скроен што во него се одвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активните мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ…

September 23, 2019 06:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска продолжува расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година, јавува МИА. 

Собраниската расправа почна во четвртокот кога новата министерка за финансии Нина Ангеловска го образложи ребалансот на буџетот пред пратениците. Таа рече дека со него се обезбедува поддршка за повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација и повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување.

Ангеловска, на која ова и е прв значаен документ кој го елаборираше пред пратениците, истакна дека за нешто помалку од три месеци за првпат на граѓаните ќе им бидат вратени и пари преку проектот „МојДДВ“ кој почна да го реализира оваа власт.

Според неа, трендовите во економијата се добри, а растот за годинава е ревидиран на 3,2 проценти, но веќе следната година се очекува да се интензивира и да изнесува 4,2 отсто, додека во 2021 година да достигне до пет проценти.

Опозицијата го оцени Ребалансот како показател за неефикасноста на Владата и нефункционалноста на институциите. Обвинија за нереализација на капиталните инвестиции, а забелешки имаа и на проектот за субвенционирање на платите и на проектот „МојДДВ“.

Владејачкото мнозинство смета дека релабансот е направен со цел да се подобрат преформансите на Буџетот во полза на граѓаните.

Расправата за Релабансот се одвива во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет, по што треба да се најде на дневен ред на пленарна седница. За Ребалансот се поднесени вкупно 391 амандман.

Ребалансот е така скроен што во него се одвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активните мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ…

Поради слабата реализација на одредени капитални инвестиции од иницијално планираните 25,9 милијарди денари, намалени се одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација. Вкупното намалување на капиталните инвестиции изнесува 50 милиони евра. Предвиден е и трансфер за Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, односно 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб.

Next Post

Разводот, стрес како операција без анестезија

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk