fbpx

Политика на приватност

Фронтлајн ја почитува приватноста на корисниците на своите информативни сервиси и услуги, како и приватноста на посетителите на интернет страницата www.frontline.mk.

 

Собирањето, чувањето, користењето и поништувањето на личните податоци се одвива во согласност со Законот за заштита на личните податоци (СВ. 7/05).

 

Сите лични податоци кои се добиени во електронска или друга форма, како и податоците кои лицето ги внело во обрасците и формуларите на интернет страницата www.frontline.mk или страните на Фронтлајн  на социјалните медиуми, се смета дека се добиени со согласност на тоа лице.

 

Фронтлајн не е одговорна за последиците, материјална или друга штета која може да се јави кај лицето и кај друго физичко или правното лице, доколку лицето даде/внесе неточни или нецелосни податоци.

 

Личните податоци се добиени единствено и исклучиво заради непречено обезбедување и доставување на информативните сервиси и услуги на Фронтлајн на испитаникот/корисникот или на посетителот на интернет страницата www.frontline.mk.

 

Фронтлајн ги чува личните податоци на испитаникот/корисникот само додека трае обврската поради која податоците се добиени. Кога ќе престане договорниот или друг вид на однос помеѓу Фронтлајн и лицето испитаник/корисник, сите лични податоци трајно се отстрануваат од Збирката лични податоци на Фронтлајн .

 

Фронтлајн се обврзува обработката на личните податоци да не ја поверува, ниту нив да ги отстапува на трети лица.

 

Личните податоци на корисниците на информативните сервиси и услуги на Фронтлајн и на посетителите на интернет страницата www.frontline.mk, не се достапни за трети лица, освен во случаеви кога тоа е поинаку пропишано со закон.