Започна првата средба на премиерите Заев и Мицотакис, денеска во Њујорк, каде што учествува на 74. Генерално собрание на Обединетите нации. Мицотакис е критикуван од грчката опозиција за лицемерието со тоа што својата предизборна кампања ја „возеше“ врз основа на противењето на Преспанскиот договор.
Се очекува дека разговорот меѓу нашиот премиер со Мицотакис нема да биде лесен, но секако, оваа средба е значајна за одржување и унапредување на македонско-грчките односи во духот на Преспанскиот договор.
Премиерот Заев во Њујорк ќе има официјална средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Официјалното обраќање на Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.