Премиерот Зоран Заев за време на својот престој во Њујорк, по повод учеството на 74- тото Генералното собрание на ОН, оствари средба со премиерот на Малта Џозеф Мускат.
На средбата, на која учествуваа и заменик претседателот на Владата, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за здравство д-р Венко Филипче, заеднички и особено позитивно беше оценета засилената политичка комуникација меѓу двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи на највисоко ниво, информираат од владината прес-служба.
Премиерот Заев разговараше со неговиот колега од Малта за позитивниот моментум за почеток на пристапните преговори на ЕУ со нашата земја, имајќи ги предвид оптимистичките заклучоци на Советот во 2018 и 2019 година, како и резултатите што ги испорача Северна Македонија на планот на домашните реформи и на постигнување на стандардите за членство во ЕУ.
На средбата премиерот Мускат истакна дека Малта дава целосна и силна поддршка за Северна Македонија за датум за старт на преговорите со ЕУ во октомври.
Извор: Влада на РСМ