ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гутереш: Северна Македонија – синоним за победничките можности на дипломатијата и дијалогот

Средба на Премиерот Заев со Генсекот на ОН

September 26, 2019 22:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, како дел од агендата на македонската владина делегација на 74-тото Генерално собрание на ОН.

На средбата, Заев ја потврди заложбата за ефективен мултилатерализам и за јакнење на улогата на Обединетите нации во решавањето на сложените глобални предизвици, и во таа насока беше изразена поддршката за реформскиот процес инициран од Генералниот секретар, чиј фокус е ставен на превенцијата на конфликтот, одржливиот развој и реформите во управувањето.

Во разговорот премиерот Заев се заблагодари за поддршката на агенциите на ОН во нашата агенда во процесот на спроведувањето на реформите и го информираше Генералниот секретар на ОН за актуелната состојба и за најавите за старт за преговорите за членство во ЕУ, како и за процесот на финализација на протоколот за пристапување во полноправно членство во НАТО.

Посебна благодарност на средбата беше изразена за признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН Гутереш, кој беше оценет како резултат на победата на дипломатијата и дијалогот и како пример дека споровите можат да се решаваат врз основа на партнерство и пријателство во име на заедничкиот интерес за просперитет на народите.

Генералниот секретар на ОН Гутереш на средбата истакна дека се восхитува за договорот од Преспа и го оцени како историски успех со кој треба да се гордееме и кој отвора можности за напредок на земјата, и дека договорот беше важен чекор за скорешното членство во НАТО и за позитивната одлука на ЕУ за датум за старт на преговорите која се очекува во октомври.

Извор: МИА

Next Post

Danke Deutschland!

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk