Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, очекува и Франција да ѝ даде поддршка на Северна Македонија за датум за преговори со Европската Унија, пишува Слободен печат.
„Јас неодамна бев во Париз каде се видов со министерката за Европа и со главниот советник за овие прашања на Макрон, господинот Пон. Се вратив охрабрен. Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа, би направил таква стратешка грешка. Не може да не се охрабри добриот тренд а да се успее со европеизацијата на балканот. Мислам дека ќе имаме поддршка и од Франција – изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Неделава, Германија ѝ даде зелено светло на Македонија за старт на преговори за членство во ЕУ. Димитров вели тоа е голем скок во целта.
„Берлиновото „да“ е голем скок во целта, којашто е пред нас. Една од двете големи локомотиви на Европската Унија е Германија и тоа со огромно мнозинство – чисто зелено мнозинство, еден спрема четири, четири пати повеќе гласаа „за“ од оние против и тоа сите други земји членки им упатува еден сигнал дека оваа работа, конечно, треба да се заврши да нѝ се отвори патот кон Европската Унија“, изјави Димитров.
Извор: Слободен печат