После поразот на неговата екипа од домаќинот Барселона, тренерот на Интер Антонио Конте, нагласува дека Интер може повеќе.
„Мислам дека заслужуваме повеќе. Во поголемиот дел од натпреварот ѝ содававме проблеми на Барселона. Во второто полувреме нашите фудбалери малку се уморија, бидејќи имаа неколку натпревари во кус период. Но, убеден сум дека сепак заслуживме повеќе“, вели Конте.
„Тешко ми е да најдам позитивни моменти по поразите. Еден добар тим никогаш не се враќа дома радосен по загубениот меч, дури и по такво одлично издание“, додаде италијанскиот тренер.
Интер е во незавидна положба во Ф-групата од ЛШ и по две кола има само еден бод.
извор: МИА