ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Грацијано: Северна Македонија направи сè што од неа се побара за ЕУ

Ако станете дел од НАТО ќе добиете повеќе внимание и може да добиете дополнителни кибер напади, бидејќи делите воени информации со останатите земји од НАТО

October 4, 2019 19:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано на став дека Северна Македонија сторила се што од неа е побарано за да добие зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата. Тој се согласува со лидерите на ЕУ, кои рекоа дека Северна Македонија направила сè што било побарано од неа, но вели дека сепак одлуката ќе биде на земјите-членки, што за него како воено лице е од големо значење бидејќи земјата е дел од Европа и сторила многу.

Грацијано во интервјуто за МИА вели дека како командатот на воени сили со долгогодишно искуство на терен мошне го цени капацитетот на силите на Северна Македонија. Одблиску ги видел потенцијалите на македонските војници – соработувал со нив во мисијата ИСАФ во Авганистан  и во УНИФИЛ во Либија. Смета дека реформите во Армијата се успешни и се залага за нејзин поголем ангажман во мировните мисии, предводени од ЕУ.

Факт е вели, Грацијано во интервјуто за МИА дека земјата влегува во НАТО и во ЕУ и тоа е многу позитивно, но со тоа се менува баланост и се отвораат можностите за кибер напади. Во врска со тоа дали земјата треба да очекува зголемување на кибер напади, зголемена пропаганда или фејк њуз пред полноправното членство во Алијансата, не дава конкретен одговор, вели тој не е разузнавач, но нагласува дека кога една земја станува дел од НАТО, добива повеќе внмание, а со тоа и можност за дополнителни кибер напади.

-Кибер нападите се случуваат секој ден, секој момент, секоја секудна и мора да инвестираме константно, постојано. Ние постојано сме во војна, во различни видови на војна, но сме постојано во војна . Ако станете дел од НАТО ќе добиете повеќе внимание и може да добиете дополнителни кибер напади, бидејќи делите воени информации со останатите земји од НАТО. Знаеме кога мисијата Софија замина на море со бродови ние мораше да се штитиме и од кибер напади, професионално е да се развиваме. Еден дел од професионалноста е и да внимаваме кога зборуваме на телефон, мора да имаме предвид дека можеби некој прислушува, можеби и не прислушува. Но колку сте поважни во системот толку е поголема можноста да ве прислушуваат, истакнува генералот Грацијано во интервјуто за МИА што во целост ќе биде објавено утре заедно со видео материјалот од разговорот.

Италијанскиот генерал во интервјуто говори за неговата прва посета на земјава, за начинот на кој функционираат силите на ЕУ, нивните мисии во моментов, за безбедносната состојба во Европа, за ангажманот на силите на земјава во европските мисии. Ја спомена АЛТЕА, каде досега учествувале повеќе од 300 припадници на Армијата и им оддаде почит на 12-мината наши припадници, кои во 2008 година враќајќи се од оваа мисија трагично го завршија животот.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk