На 5 октомври, сабота, со почеток во 19 часот, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, свечено ќе биде отворена изложбата „15 години“ на Историскиот музеј на Босна и Херцеговина. Во наредните триесетина дена, македонската публика ќе има можност да ги види фотографиите на Џим Маршал чиј фокус е Сараево во временскиот период 1996/2011.
Изложбата се реализира како дел од Годишната програма на Министерството за култура, а на отворањето ќе се обратат директорките на двете институции – Даниела Николова и Елма Хашимбеговиќ, како и вршителот на работите во Амбасадата на Босна и Херцеговина, Јасмин Гагула.
Отворањето на изложбата е дел од манифестацијата „Бела ноќ“, на кое специјален музички настап ќе има Дуња Иванова со нејзината програма „Слушаме во црно-бело“.
Извор: МИА