Христијан Мицкоски во својот тим ангажираше и со личност која се претставувала како исцелител. Лазар Јовевски е стратешки соработник на Мицкоски од областа на трудовото право. Истиот Лазар Јовевски своевремено му асистирал на самопрогласениот исцелитет и јасновидец Тино Кајшаров., изјави Гордан Шутаров од СДММ, на денешната прес-конференција.
„Низ медиумите кружат фотографии и видеа како Јовевски му помага на Кајшаров, односно ги придржува лицата кои паѓаат откако исцелителот ќе ги исцели. Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Aлбанците нема место во Република Северна Македонија, тогаш не може да се очекува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Шутаров.
Појавувањето на Игор Дурловски во листата која, наводно, треба да ја обновува државата, значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. Според Шутаров, ова е најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието.
„Ништо не е сменето во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски продолжува со безидејност. Ангажира лица кои биле десна рака на самопрогласени исцелители и јасновидци, кои манипулирале со граѓаните, наводно лечејќи ги преку крајно сомнителни методи“, потенцира Шутаров.