Филмот „Џокер”, со Хоакин Феникс во главната улога, заработи 93,5 милиони долари во 4.474 кина во Северна Америка по премиерата минатата седмица. Ова е рекорд на киноблагајните за октомври воопшто.
Претходно тој „октомвриски рекорд“ го држеше филмот „Веном” којшто излезе во октомври минатата година. Нивната првична заработка беше 80 милиони долари.
Надвор Северна Америка, во светски рамки, „Џокер“ досега заработи 140,5 милиони долари.
Претходно, филмот предизвика контроверзии и беше критикуван поради психолошкото портретирање на психопат убиец. Имено, некои сметаат дека ваквите психолошки драми поттикнуваат насилство, па потсетија на нападот во градот Аурора, Колорадо, САД, 2012, за време на прикажување на „Бетмен: Воздигнувањето на црниот витез“, при што беа убиени 82 лица. Џокерот е лик од франшизата за Бетмен, па некои луѓе, потсетувајќи на тој масакр, повикуваат на претпазливост.
Како одговор на сѐ тоа, продукциската куќа Ворнер брос во официјално соопштение истакна оти „Џокерот“ не е херој. Филмот е обележан со ознаките „Р“, „18 плус“ и слично.
Извор: МИА