ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Официјален Париз без одговор дали на вечерата меѓу Макрон и Меркел се разговарало за датумот за Северна Македонија

October 13, 2019 23:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вечерва во Париз имаа работна вечера, на која според најавите, меѓу другото, требаше да разговараат и за отворањето на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, откако германскиот Бундестаг даде зелено светло за тоа.

Извесно е дека на работната вечера на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел се разговарало за подготовката на идниот заеднички состанок на француската и германската влада во Тулуз, во предвечерието на европскиот самит во Брисел. На менито многу отворени прашања: Брегзит, назначувањето на европската комисија и турската воена интервенција во Сирија, јавува дописникот на МИА.

Двајцата лидери, непосредно пред вечерата, се осврнаа на офанзивата на Турција против курдските сили во Сирија, која, како што рече Макрон „најверојатно ќе создаде неиздржлива хуманитарна ситуација и ќе и помогне на групата Исламска држава повторно да се појави во регионот“. 

-Наша заедничка желба е оваа офанзива да престане. Ние сме уверени дека оваа офанзива го носи ризикот од една страна, на терен да се создаде неодржлива хуманитарна ситуација и од друга страна да и помогне на Даеш (Исламската држава) повторно да се појави во регионот, рече Емануел Макрон, кој од 22 часот вечерва заседва со Советот за одбрана.

-Зборував со претседателот Ердоган еден час. Mора да ги земеме предвид интересите и безбедноста на Турција. Но, исто така сметаме дека мора да ставиме крај на оваа турска инвазија, затоа што има хуманитарни причини и не можеме да ја прифатиме оваа ситуација против Курдите , изјави Ангела Меркел.

Макрон нагласи дека ќе останат координирани. Тој ги ги повика Европејците да се обединат во „овој тежок и понекогаш вознемирувачки европски и меѓународен момент“.

За тоа дали вечерва се разговараше и за датумот за преговори за Северна Македонија не успеавме да дознаеме. Според дипломатските извори од Брисел, Франција е единствената која смета дека „Северна Македонија не ги исполнува потребните услови“ за почеток на преговорите. Ставот на Емануел Макрон е изолиран, бидејќи пред осум дена четворицата први луѓе на европските институции побараа, во заедничко писмо, започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Ова одбивање предизвикува незадоволство кај европските дипломати, кои го обвинија Париз дека ја загрозува стабилноста на Балканот, за чија стабилност официјално се залага. Ова уште повеќе што на два пати ЕУ одлучи да го одложи започнувањето на преговорите.

Официјален Париз и покрај нашето писмено и телефонско барање да реагира на пишувањето на светските новински агенции за блокирањето на почетокот на преговорите со нашата земја, се досега не одговори на нашите прашања. 

Next Post

Груевски доби право на глас, Орбан ја изгуби Будимпешта

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk