ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Потребно е подигнување на свеста за укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица

October 15, 2019 16:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, прими ученици од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид, „Димитар Влахов“ од Скопје.

Како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, за време на посетата во Вила Водно, учениците имаа можност на средбата да поразговараат со претседателот Пендаровски, да му ги пренесат своите интереси за личен развој во рамки на образовниот процес, како и желбите за нивните идни професионални определби, а ги споделија и предизвиците и пречките со коишто се соочуваат во секојдневното живеење.

Гостите го информираа Пендаровски дека нивното училиште е успешен модел и пример за инклузија, бидејќи во него сите ученици заедно учат, другаруваат и се забавуваат. Се пофалија дека се одлични шахисти, а пред Пендаровски покажаа дека се и талентирани музичари. Познатите мозаици во Кабинетот ги видоа на свој начин, со допир и како што велат, со душата и со срцето.

Пендаровски нагласи дека сите млади луѓе во нашата држава ја имаат неговата безрезервна поддршка во реализирањето на нивните права, конструктивни цели, заложби и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата.

Надлежните институции и граѓанските организации, истакна претседателот, треба системски да работат на подигнување на општествената свест за целосно укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица. Унапредувањето на нивните права, подвлече претседателот, треба да биде наш заеднички приоритет, а ангажманот не смее да се сведува на активности што се организираат еднаш годишно, кога се одбележуваат ваквите денови, туку секојдневно, на сите нивоа и во сите сфери на општествениот живот.

Гостите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со начинот на функционирање на оваа институција.

„Ова е прва посета на деца од училиштето „Димитар Влахов“, кое постои од 1954 година и е единствено од ваков карактер, кое обезбедува најдобра социјална вклученост и образование на децата со оштетен вид’, стои во соопштението.

извор МИА

 

Next Post

Париз, Берлин и Рим против раздвојување на преговарачките процеси со Северна Македонија и Албанија

EVN

НАЈНОВО

Хоман најави повлекување на дел од имиграциските сили од Минесота

January 29, 2026

(ФОТО) Сидни Свини по патот на Ким Кардашијан: како славните градат брендови за долна облека

January 29, 2026
Фото: СДСМ

Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk