Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во Виена, каде ќе има работни средби и панел дискусија со претставници на австриски компании.
Како што соопшти владината прес-служба, тема на средбите ќе биде економскиот развој и инвестицискиот потенцијал во државата во организација на Мрежата за бизнис развој на Југоисточна Европа (South-East European Business Development Network, SEEBDN).
Во делегацијата се и вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економски ресурси Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче.
Премиерот Заев ќе учествува и на панел дискусија организирана од австрискиот Карл – Ренер Институт и фондацијата „Фридрих Еберт“ за ЕУ перспективите на Република Северна Македонија и домашните реформски процеси.
Извор: МИА