ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Македонската економија не е директно изложена на глобалните ризици

Осврнувајќи се на прашањето за глобалните трговски тензии и нивните импликации, таа посочува и дека е важно каква ќе биде натамошната состојба, односно дали натаму ќе има смирување или ескалација на тензиите

October 18, 2019 10:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската економија не е директно изложена на ризиците од глобалните трговски тензии. Нашата трговија и со Соединетите Американски Држави и со Кина е мала,  вели во интервју за „Гласот на Америка“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која со министерката за финансии Нина Ангеловска учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка (СБ) во Вашингтон, пренесе МИА.

Осврнувајќи се на прашањето за глобалните трговски тензии и нивните импликации, таа посочува и дека е важно каква ќе биде натамошната состојба, односно дали натаму ќе има смирување или ескалација на тензиите.

– Ефектите врз нашата економија би можеле да дојдат главно преку посредните канали, односно тие зависат од степенот во кој би била погодена европската економија како наш најзначаен трговски партнер и особено од тоа што ќе се случува во германската економија. Германската економија за нас е од голема важност, со оглед на високиот степен на интегрираност на нашата економија во германскиот синџир на производство, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Ако се направи анализа каква беше трансмисијата од монетарната политика во нашиот финансиски систем, според гувернерката, се забележува дека во целиот изминат период, финансискиот сектор ги следеше сигналите на Народната банка.

-Како што ние ја намалувавме основната каматна стапка, така и банкарскиот систем ги намалуваше активните каматни стапки, што резултираше со поповолни услови за кредитирање и зголемена побарувачка и од страна на корпоративниот сектор и од страна на населението. Секако тоа значеше и значајна поддршка за економскиот раст кај нас, посочува Ангеловска-Бежоска.

Next Post
Нина Ангеловска, Министерка за финансии

Ангеловска: Економијата во добра кондиција, реални очекувањата за раст од 3,5 отсто

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk