Американски трупи влегоа од Сирија во Ирак преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук, наведуваат очевидци, пренесува МИА.
На снимките се забележува како повеќе од 100 оклопни возила превезуваат војници во Ирак, повлекувајќи се од Сирија.
Безбедносни извори на ирачките Курди истакнуваат дека американската војска влегла во полуавтономниот курдски регион во Ирак.
Границата ја преминале околу 30 приколки и возила „хамер“ кои превезуваат тешка воена опрема, додава изворот.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави во саботата дека сите војници, околу 1.000, ќе бидат префрлени во западниот дел на Ирак, со цел да ја продолжат борбата против ИД и да „помогнат во одбраната на Ирак“.