Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на претседателскиот мандат можел да заработи меѓу две и пет милијарди долари, пренесува МИА.
– Да сум повторно во таа ситуација би го направил истото бидејќи кому му е грижа, ако можеш тоа да си го дозволиш тогаш не е важно, истакна Трамп.
Тој бил вознемирен што морал да се откаже од својот план за организирање состанок на врвот на Г7 во своето голф летувалиште во близина на Мајами.
Републиканците и демократите остро го критикуваа неговиот план, а беше обвинет и дека профитира од претседателската функција.
Трамп ја отфрли, како што ја нерува, „наводата одредба за заработувачка“ во американскиот Устав, со која им се забранува на претседателот и на пратениците да профитираат од своите функции.
Неговите деца презедоа поголем дел од водењето на семејниот бизнис.
– Не постои разлика дали загубив две, пет или помалку милијарди. Не ми е важно. Работам за оваа земја и за луѓето, додаде шефот на американската држава.