ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вебер: На Северна Македонија и Албанија вратата им беше затворена пред нос

На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза на стабилност, бидејќи тоа е наша одговорност, предупреди лидерот на групата на Европската народна партија во ЕП, Манфред Вебер

October 22, 2019 12:44
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно го осудија одложувањето на одлуката ЕУ да направи нови чекори во пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, јавува МИА.

– На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза на стабилност, бидејќи тоа е наша одговорност, предупреди лидерот на групата на Европската народна партија во ЕП, Манфред Вебер.

Тој за време на дебатата во Европскиот парламент оцени дека ниту Северна Македонија, ниту Албанија не ја добиле перспективата што ја заслужуваат.

– Баравме многу од тие земји, а сега вратата им е затворена пред нос. Го губиме кредибилитетот, и тоа е сериозно, порача Вебер.

Тој укажа на фактот дека сите лидери кои доаѓаат од конзервативната Европска народна партија на самитот во Брисел дадоа поддршка за проширувањето, а францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте, кои припаѓаат на либералната опција, биле „сами против сите“.

Гарсија Перес од редовите на европските социјалдемократи оцени дека проширувањето може само да донесе „нов живот“ во ЕУ.

– Внесувањето на Западен Балкан не само што ќе придонесе за стабилност во регионот, туку и стабилност на цела ЕУ, нагласи Перес.

Лидерот на групата на европски либерали, во која се наоѓаат и француски пратеници од партијата на Макрон, Дачијан Цилос изјави дека проширувањето мора да остане во срцето на политиката на ЕУ.

– Не можеме да замислиме силна Европа, а да не е отворена кон соседите, посебно кон оние кои веруваат во неа можеби и посилно отколку некои земји членки, додаде Цилос.

Тој истакна дека „Европа мора да остане мотор на демократски реформи, а нејзината врата отворена“.

Европските Зелени имаа можеби и најостри критики кон францускиот претседател поради одлуката да го блокира отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Претставникот на Зелените во ЕП, Филип Ламбертс го потенцира јасното определување на земјите од Западен Балкан да пристапат во ЕУ.

Одлуката да не се почитуваат преземените обврски од страна на ЕУ, Ламбертс ја оцени како „сериозна грешка на Европскиот совет“ и побара од Унијата да направи вистинска работа доколку постои политичка волја за тоа.

– Ако се сеќавате, Емануел Макрон го поздравивме како голем Европеец. Но како одминува времето, сфаќаме дека не е ниту голем, ниту Европеец, заклучи Ламбертс.

Се уште актуелните претседатели на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер во своето последно обраќање во Европскиот парламент нагласија дека неединството на земјите членки околу новите чекори во процесот на проширување на ЕУ е „огромна грешка“.

Next Post

Ципрас: Се надевам ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk