Дени де Вито ќе ја добие наградата за животно дело на годинешниот Меѓународен филмски и камерен фестивал во Торуњ, Полска, пренесува МИА.
Меѓу позначајните улоги му се оние во оскаровскиот филм „Лет над кукавичкото гнездо и во хумористичната серија „Такси“ за која во 1981 година доби „Златен глобус“ и „Еми“ за најдобра машка споредна улога.
Глумецот во 2001 го продуцираше филмот „Ерин Брокович“, кој беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм.
Меѓународниот филмски фестивал во Торуњ ќе се одржи од 9. до 16 ноември.