Илјадници демонстранти се собраа денеска на влезот на Зелената зона во Багдад, продолжувајќи ги антивладините протести во кои загинаа 150 луѓе од почетокот на октомври, пренесува МИА.
Полицијата распоредена во голем број се обиде со солзавец да ги растера демонстрантите и да ги оддалечи од Зелената зона, каде се е седиштето на Владата и Амбасадата на САД.
Во текот на ноќта ирачките сили за безбедност со водени топови ги растераа антивладините демонстранти кои се собираа во Багдад.
Повеќето од демонстрантите се млади кои бараат работа, сузбивање на корупцијата и функционални јавни служби.