Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Албанија, јавува МИА.
Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.
Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.
Шефот на државата во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната федерација за мир.