Околу 50.000 жители на северните предградија на Лос Анџелес се евакуирани заради пожарите што брзо се шират низ цела американска сојузна држава Калифорнија, пренесе МИА.
Британските медиуми пренесуваат дека пожарникарите го искористиле малото затишје во ветриштата за да можат да се справат со огнената стихија.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вчера прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава .
Пожарите што беснеат низ цела Калифорнија и во самиот Лос Анџелес зафатија површина од 1.700 хектари земјиште, уништувајќи околу 50 градби, додека уште околу 15.000 други објекти се загрозени од огнот.
Без струја останаа околу 200.000 домови и продавници, а се стравува дека оваа бројка може да се зголеми на 850.000 во северна и централна Калифорнија.