Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР С-98 изнесува 69,00 ден/лит, објави РКЕ.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/литар.