ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Македонскиот дипломатски синдикат со четири барања до МНР

Повлекување на систематизацијата во МНР, унапредување на младите дипломати, реформи во процесот за упатување на дипломатите во странство и учество во донесување нова систематизација и на новиот закон за надворешни работи, кој е во подготовка, се барањата на Македонскиот дипломатски синдикат формиран пред три недели

October 28, 2019 15:08
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Повлекување на систематизацијата во МНР, унапредување на младите дипломати, реформи во процесот за упатување на дипломатите во странство и учество во донесување нова систематизација и на новиот закон за надворешни работи, кој е во подготовка, се барањата на Македонскиот дипломатски синдикат формиран пред три недели, известува МИА.

Претседателот Зоран Дабиќ денеска на прес-конференција соопшти дека синдикатот е формиран по апелите од членството кои бараат заштита на работните права кои, како што рече, се подолг период запоставени, како и на  кариерниот развој кој треба да биде системски, а не произволно  регулиран. Синдикатот ќе делува како конструктивен партнер на раководството, но истовремено, рече тој, ќе биде и гласен адвокат и коректор на аномалии, дискриминација и нарушување на работните права и други неправди.

Првите четири барања веќе ги доставиле до МНР и очекуваат средба со министерот за надворешни работи која ја побарале пред три недели, но засега немаат реакција од него.

– Најитно барање е повлекување на систематизацијата која во МНР е воведена во јули годинава, а е донесена во декември, значи обзнанета по седум месеци. Таа има многу слабости. Меѓу другото, затоа што служи како изговор за лично деградирање на колеги, но и затоа што го продолжува трендот на една застарена дипломатија која не одговара на модерните дипломатски принципи, истакна Дабиќ, кој за себе рече дека има  речиси 25 години дипломатско искуство и мандати во ОБСЕ во Виена, Обединетите нации во Њујорк и во НАТО во Брисел.

Второто барање се однесува на помладите дипломати и на неселективна примена  на законот за надворешни работи во кој се пропишани условите за напредување. Бараат и вклученост на синдикатот во донесување на документи на МНР, новиот закон и новата систематизација, како и во постапките за упатување во странство. Постапката треба да биде предвидлива и три месеци однапред да се знае кој дипломат каде ќе оди на служба за да може да се подготви.

– Во фокусот ни се младите дипломати. За да направите добар дипломат ви требаат десетина години. Ако не се движат по кариерата како што треба, особено најталентираните, ќе презреат и нема да го дадат својот максимум. Имаме  многу квалитетни млади дипломати Треба да се направи добро менаџирање со кариери, што е и еден од нашите предлози – да се формира одделение или човек кој би се грижел за кариерите на дипломатите и би ги следел кариерите на сите дипломати во МНР. Сега е тоа малку бирократски, во некој сектор за човечки ресурси и таквата улога не е видлива и ја нема воопшто, додаде Дабиќ.

На новинарско прашање дали дипломатијата е под партиско влијание,  Дабиќ одговори дека има од сѐ по нешто. -Не можеме да кажеме дека се стриктно партиски, но не можеме да кажеме ниту дека сите што се квалитетни одат надвор. Имаме мала какофонија. За жал, партиското влијание секогаш било видливо во Македонија. Утописти би биле ако сметаме дека тоа влијание некогаш ќе се отстрани сто проценти, но би сакале да го симнеме на минимална маргина, рече претседателот на новиот синдикат на дипломатите.

Во врска со празните ДКП-а на земјава низ светот, одговори дека штетата е голема. – Од професионален аспект, НАТО, каде што јас бев амбасадор, една година немаме амбасадор. Имаме заменици кои се менуваат фреквентно во периодот кога ние треба да сме најмногу присутни во НАТО, додаде Дабиќ.

Македонски дипломатски синдикат е основан како дел од Синдикатот за администрација и државна управа (САДУ) во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати.  Од 7 октомври кога е основан има околу 90 членови, а очекувањата на претседателот  се дека бројот ќе биде многу поголем.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025
Фото: ВИ

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk