Советскиот писател и дисидент Владимир Буковски почина вчера во болница во Кембриџ, Англија, на 76-годишна возраст, пренесува МИА.
Причината за смртта е прекин на работата на срцето. Неговото здравје последниве неколку години беше влошено.
Буковски беше познат како дел од дисидентското движење во СССР, а 1972 година бил и осуден на две години затвор и пет години егзил поради антисоветски активизам.
Од 1976 година живееше во Англија.