ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Пендаровски: Освен сојуз со ЕУ, неприфатливи се алтернативни форми на партнерство

Таквите опции, како што посочува, освен Франција и уште една до две други земји, никој не ги спомнува. Предупредува и на сè уште нерешените проблеми на Балканот поради што ЕУ мора да биде постратешки ориентирана кон регионот.

October 29, 2019 10:51
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За нас не постои подобра алтернативa од интеграцијата во ЕУ и затоа сите други опции за стратешки или специјални партнерства се невозможни и неприфатливи, истакнува претседателот Стево Пендаровски во интервју за Ал џезира Балкан, пренесе МИА.

– Алтернативи има колку сакате, опции колку сакате, меѓутоа поодржлива, поефикасна за нас на оваа географска локалција на Балканот со ваква  хетерогена структура на популацијата не постои.  Тоа го покажуваат сите објективни и реални анализи.  Се  спомнуваше дека ние сме дел од некакво соседство. Соседството во однос на ЕУ  е друга категорија, сосема друг статус на држави.  Соседи на ЕУ се централноазиските држави  или северноафриканските држави, тој појас. Ние  не сме соседи, ние сме  структурно и географски, но и институционално дел од Европа. Дали ќе бидеме членки и кога ќе бидеме зависи од исполнување на критериумите. Меѓутоа ние не сме соседи, целиот Западен Балкан  не е третиран како сосед  на ЕУ, туку како дел од ЕУ  односно дел кој еден ден  ќе биде дел и од институционална Европа, изјави Пендаровски.

Неприфатлива, вели, е и идејата за специјални партнерства на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

– Тоа повторно не е членство. Ние не можеме да се залажуваме со посебни партнерства. Нам ни треба Европа заради вредности, не ни треба само заради пазарот. Нас ни треба принципите по кои се уредуваат успешните општества да ги усвоиме како наши за да  просперираме. Со овие алтернативни форми на усојузување ние не можеме да просперираме, оценува шефот на државата.

Таквите опции, како што посочува, освен Франција и уште една до две други земји, никој не ги спомнува. Предупредува и на се уште нерешените проблеми на Балканот поради што ЕУ мора да биде постратешки ориентирана кон регионот.

– На Западниот Балкан работите се далеку  од завршени. Таа таканаречена пацификација на регионот не е завршена. Косово се уште не е решено, не знаеме кога ќе биде, големите сили се подготвуваат  да влезат во следна подинамична фаза на решавање на тој проблем. Меѓутоа знаеме колку е тешко решавањето на тој проблем, колку товар носи на двете страни инволвирани  и можеби ќе донесе опции на маса кои нема да бидат добри  за иднината на регионот. Нашиот став во однос на тоа прашање е дека не смеете да затворате еден голем проблем во регионот, а да отворите два или три нови. Добро е ЕУ да биде малку постратешки ориентирана  кон Западниот Балкан и да не спомнува алтернативни партнерства во време кога сите крупни отворени  прашања на регионот не се затворени и кога од евентуалното затворање на тие крупни прашања може да се доведе во прашање иднината на целиот регион  кој е турбулентен за жал  децении па и со векови, истакнува Пендаровски.

Прашан дали по одлуката на европските лидери да го одложат отворањето на пристапните преговори, граѓаните се чувствуваат излажани, особено во контекст на Преспанскиот договор и промената на името што требаше да ги отвори вратите за НАТО и ЕУ, шефот на државата потврдува дека тоа е доминатно чувство во земјава.

Но, сепак, вели, Договотот од Преспа и промената на името не е без ефект, решен е долгогодишниот проблем со Грција и наскоро влегуваме во НАТО.

– Целата работа не е завршена.  И знаете од кои причини бевме одбиени сега.  Меѓутоа факт е дека  во историска смисла , во стратешка смисла, во која сакате смисла, членството  во НАТО за една балканска држава  е многу поприоритетно  од членството во ЕУ, зборувам  за актуелниот политички и безбедносен миг. Многу е битно да ја имате обезбедено територијата, границите, да имате 29 други кои заеднички со вас ќе се борат  против заканите отколку да бидете сами. За една мала држава како што е  нашата по сите параметри многу е битно што наскоро стануваме членка на Алијансата. И потоа како битна претпоставка одиме полесно и побрзо  во економски развој.  За тоа ни треба ЕУ. Меѓутоа Преспанскиот договор ја заврши големата работа, најголемата работа за НАТО членство, истакнува Пендаровски.

Сепак, додава, ќе беше идеалано ако со Преспанскиот договор го завршевме и  вториот дел од задачата – отворање на преговорите со ЕУ.

Прашан дали му пречи „Северна“ во името на државата, Пендаровски одговара потврдно, како и на сите Македонци и на сите граѓани во земјава. Вели дека се уште не може да се навикне, но оти е свесен за реалноста и за интересите на државата, а за тоа, нагласува, емоциите мора да се тргнат на страна.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk