ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Реновираниот кат на скопската Клиника за гастроентерохепатологија пуштен во употреба

На катот има два апартмани со по еден кревет, девет соби со по три кревета и една соба со еден кревет. Има кабинет за биолошка исхрана, како и кабинети за лекарскиот персонал.

October 29, 2019 14:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката, Калина Гривчева Старделова денеска го пуштија во употреба комплетно реновираниот кат на Клиниката за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пренесува МИА.

На катот има два апартмани со по еден кревет, девет соби со по три кревета и една соба со еден кревет. Има кабинет за биолошка исхрана, како и кабинети за лекарскиот персонал.

Премиерот Заев информираше дека Владата во годишната програма има план да реновира уште околу 30 здравствени установи во цела држава, а потсети и дека на последната владина седница беа одвоени околу 10 милиони денари за Клиниката за онкологија.

– Одвоените средства се за нега и грижа за нашите граѓани, затоа што навистина сите сме потенцијални пациенти и кога има потреба од здравствениот систем од ваквите услови сме и тоа како среќни кога доаѓаме до решение за проблемите за нашето здравје, истакна Заев.

Тој информираше дека Владата ќе продолжи со зголемување на буџетските средства на Фондот за здравство и Министерството, како и со дополнителната мотивација на здравствените работници односно со зголемувањето на платите на специјалистите, медицинските сестри и другите здравствени работници.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во рамките на програмата за зајакнување на здравствениот систем Одделот за гастроентерохепатологија е еден од дванаесетината оддели кои се целосно реновирани и каде што се обезбедени одлични услови за лекување на пациентите и за работа на персоналот.

– Продолжуваме и со останатите мерки, конкретно за Клиниката за гастроентерохепатологија. Првпат за дваесетина пациенти коишто имаат сериозни заболувања ќе биде обезбедена биолошка терапија во рамките на групната набавка која што ја спроведе Министерството за здравство. Во нашата земја првпат се донесоа 30 молекули коишто до сега не беа на располагање, а за оваа терапија пациентите беа упатувани на лекување во странство, истакна Филипче .

Тој најави дека продолжува зајакнувањето на капацитетот за персоналот, за што веќе се издадени околу 5.000 согласности за вработување во периодот од две години во кој поголемиот дел се реализирани.

Директорката на Клиниката, Гривчева Старделова, рече дека минатата година по неколку поплави неизбежно било реновирањето на овој оддел, како и тоа дека не била пријатна глетката каде пациентите се покриваат со ќебиња поради нефункционалните прозори на Клиниката, а за сето тоа да се отстрани се заблагодари на интервенцијата на Министерството и Владата, за, како што рече, пациентите конечно да ја добијат вистинска нега.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk