ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Доаѓаат избори и модерно е да се протестира, но треба да бидеме разумни

Доаѓаат, дополни, избори и модерно е тоа сите со протести – ќе протестираме, ќе се закануваме, но сите сме граѓани на оваа земја и треба да бидеме разумни. За две години и пет месеци, потенцираше, навистина  имавме сериозно покачување првин на сите плати во државата, не само на јавната администрација.

October 29, 2019 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По најавите од Независниот  синдикат на Клинички центар за протести доколку не се исполни ветувањето за плата од 100 илјади денари на специјалистите премиерот Зоран Заев денеска им предложи тие да ги продолжат разговорите со министерот за здравство и со директорот на Фондот за здравствено осигурување, пренесе МИА.

Ќе се најдат, изјави Заев, ресурси за да се зголеми нивното задоволство како здравствени работници.

-Се трудиме да постигнеме 100 илјади денари, прилично амбициозна работа е од помалку од 40 илјади денари да стигнете до 100 илјади за специјалистите затоа што веднаш ги отвораат спиралите на другите плати.  Кога планираме покачување на платите на специјалистите веднаш мораме да  го планираме следниот чекор да  биде за медицинските сестри и за болничкиот персонал, тие работат тимски. Дај боже државата да има повеќе пари. Со огромни ресурси, резерви  коишто благодарение на транспарентните  постапки  се остварени во здравството и во сите други  области на работење и живеење, можеме да кажеме дека обезбедуваме доволно ресурси за нивна нивелација, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Доаѓаат, дополни, избори и модерно е тоа сите со протести – ќе протестираме, ќе се закануваме, но сите сме граѓани на оваа земја и треба да бидеме разумни. За две години и пет месеци, потенцираше, навистина  имавме сериозно покачување првин на сите плати во државата, не само на јавната администрација.

– Како Влада со лева ориентација веруваме во човечкиот капитал во нашето општество и вложуваме сериозно во него наместо  во непродуктивни работи коишто сме ги гледале во минатото и предлагаме на синдикатот  да  продолжат разговорите со министерот и со директорот на фондот. Ќе се изнајдат секако  ресурси за да биде повисоко нивното задоволство како здравствени работници биде повисоко, рече Заев.

Прашан дали најавените предвремени парламентарни изборите може да ги забават плановите за старт на изградбата на новиот клинички центар  премиерот потенцираше дека консултирале правници што е дозволено во тек на функционирање на техничка влада и изборна кампања и оти е утврдено дека нема потреба да застанат таквите јавни постапки за избор на изведувачи.

– Очекуваме постапките да завршат околу нова година или нешто после нова година, нормално, ако се биде по план, рече Заев.

Изградбата на инфраструктурата, посочи, може да почне во јануари или февруари, но мора да се има предвид и евентуалното право на жалби. Изградбата може да стартува откако ќе бидеат правосилни сите постапки кои ќе бидат запазаени до крај, потенцираше Заев. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk