ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Милчо Манчевски: „Врба“ е трагедија со хепи енд

Мајсторот на филмот повторно се враќа на сцената, е забелешката која ја упатува светската критика, а со таа реченица и модераторката го почна пресот во Скопје за премиерата низ кино салите во Македонија, на последното филмско остварување на Милчо Манчевски „Врба“

October 30, 2019 17:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Мајсторот на филмот повторно се враќа на сцената, е забелешката која ја упатува светската критика, а со таа реченица и модераторката го почна пресот во Скопје за премиерата низ кино салите во Македонија, на последното филмско остварување на Милчо Манчевски „Врба“.

„Филмот „Врба“ го означува враќањето во голема форма на Милчо Манчевски, на кого се сеќаваме по „Пред дождот“, кој ја освои Венеција. Ова е уште еден прекрасен филм“, ќе рече Антонио Монда директорот на Филмски фестивал во Рим, на премиерата на „Врба“.

Врба досега има добиено преку 20 светски критики и сите критики се во најпозитивен контекст.

Продуцентот Јане Ќортошев на почетокот, рече дека е привилегија да го споделиме филмот со домашната публика, после светската премиера во Рим.

Премиерата е на 1.11.2019 во Македонската Филхармонија, а истовремено ќе се прикажува и во кино Милениум и Синеплекс во Скопје, како и во Охрид и во Штип и сето тоа во исто време како низ кината во светот. На 4 ноември ќе се прикажува во Прилеп, а се прават напори да се прикаже и во сите други градови

Режисерот Милчо Манчевски на прашањето дали очекувал толку позитивен фидбек, рече:

Да! Доволно долго го работам ова за да знам дали нешто што е направено е добро, или не. Процесот беше прекрасен и за време на подготовките и за време на снимањето, а и потоа и сум благодарен на екипата. Постои „машка“ и „женска“ верзија на филмот кои се различни и секоја верзија е убава на свој начин. И наместо да одлучиме една верзија да отфрлиме, решивме двете да ги понудиме. Двете верзии функционираат на свој особен начин. Иако не се разликуваат многу. Така решивме „машката“ верзија да се прикажува во Милениум, а „женската“ во Синеплекс. Филмот има тажни, весели и смешни моменти, како чувство филмот е повеќеслоен – „Врба“ е трагедија со хепи енд

Прекрасната млада актерка Наталија Теодосиева која во филмот ја игра улогата на Родна, се осврна на импресиите од фестивалот во Рим и вели дека тоа и е прво учество на фестивал од таков ранг и дека тоа е огромен кураж, инспирација и мотив за една млада актерка. Таа е презадоволна од критиките и коментарите како за нејзината улога така и за филмот и додава дека ова ќе и биде водилка во кариерата за понатаму.

Сериозноста и одговорноста од овој настан е голем предизвик за мојата понатамошна кариера, вели Наталија и се навраќа на премиерата во Рим: – ние сите заслужено блескавме така како што блескавме. Наталија говореше и за тишината одма после крајот на премиерата во Рим:

По завршувањето на проекцијата на филмот имаше неколку секунди една непријатна тишина и наеднаш почна огромен аплауз кој за мене траеше цела вечност.

Извонредната млада актерка Сара Климоска која ја игра Донка, за импресиите од премиерата во Рим, вели дека премиерата ја почувствувала прво како голем притисок, и како возбудливо искуство во исто време. За моментите на молк после проекцијата, Сара емотивно рече:

Првите 15 секунди после крајот на филмот беше тишина, не знам точно но мене ми се видоа како 15 дена и во таа возбуда прво не можев да сфатам зошто се случува таа тишина. Потоа почна аплаузот и интензитетот се зголемуваше, и во тој момент сфатив дека публиката е многу задоволна. Кога заврши сето тоа видов дека токму таа пауза е најдрагоцената за мене, зашто во таа пауза  и тишина, публиката се соземаше од филмот – од емоцијата која што филмот и ја даде на публиката. Тоа беше најдрагоцено мое чувство и тоа е она за што го работам ова.

Камка Тоциновски, третата од женското трио, или од „трите грации’ – епитет со кој ги почестиле на проекцијата во Рим, не беше присутна на пресот.

Не помал влог во филмот има и машкиот дел од екипата. Интересно е тоа што машкиот дел од екипата сè уште го немаат гледано филмот.

Никола Ристески, партнерот на Сара во филмот кој го игра ликот на Милан. вели дека имале многу добри припреми и дека работеле со етнолог и етномузиколог со кои се консултирале и за време на припремите и за време на снимањето. За тоа искуство Никола вели:

Научив да жнеам, орав нива со волови, цепев дрва цел месец пред да почне снимањето, па снимањето ми беше секојдневие

Ненад Нацев кој го игра ликот Бранко, рече дека нему му смета оваа поделба на машки и женски филм и порача:

Не го гледајте филмот како машки и женски, туку погледнете дека позади нештото има и уште нешто.

Манчевски потоа се наврати на подготовките и подвлече дека секој филм си создава свој универзум:

Гледачот го сака филмот ако успее да влезе во тој свет, иако на некого од нас тој свет може да биде страшно реалистичен и денешен, а може да биде и средновековен, или некое друго минато. Со изучувањето дознаваш колку луѓето биле различни, а исти и колку што ние го знаеме тоа како историја е уствари некоја романтизирана фикција.

Милчо на прашањето за одбирање на кастингот, рече дека тоа е најважниот дел од процесот и трае долго и студиозно и уште еднаш нагласи дека сите улоги се изиграни феноменално. Канстингот траел 4 месеци и имало 8 круга на избирање.

За тоа која е разликата на „машката“ од „женската“ верзија, Милчо вели дека филмот е ист и дека нема многу голема разлика помеѓу двете верзии.

Ова не е женски или машки филм, ова е филм за луѓе. Разликата помеѓу двете верзии е тоа што машката верзија е малку подинамична, а женската верзија е малку подлабока, но 95 посто се исти и двете верзии.

Во Рим била прикажана женската верзија, а на премиерата во Филхармонијата, Милчо не открива која верзија ќе биде прикажана.

Прашан за тоа дали свесно има континуитет на неговите филмови, (алудираќи на тоа дека „Мајки“ и „Врба“ се занимаваат со темите на мајчинството), рече дека не е намерно и не е свесно. Во „Мајки“ се зборува имплицитно, вели Милчо, а во Врба“ се зборува експлицитно и додаде дека не тргнува од порака или намера, туку дека тие произлегуваат од приказната, од работата со глумците и од процесот на правење на филмот:

Идејата сама се кристализира во процесот. Ако тргнуваш од идеја резултатот ќе биде крут и ќе ја нема таа елеганција и заврушва дека ако ги поставиме на мас еден до друг испаѓа дека има некаков континуитет, но не е намерен.

Режија и сценарио: Милчо Манчевски. Во филмот „Врба“ играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ.

Музиката е на Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Филмот се снимаше во близина на прилепското село Крушевица, а и во селата: Штавица, Дуње и Зович, кај манастирот Трескавец, во Преспа и во Скопје.

Видео трејлер:

 

пишува: Јане Ѓорѓиоски

фото: Биљана Јордановска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk