Владата ја усвои информацијата и ја утврди потребата од покачување на платите на вработените во Јавните научни установи (ЈНУ) во Македонија за 25 отсто и за исплата на минат труд, и ги задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, заедно со директорите на ЈНУ да ги усогласат правните основи за реализација на оваа одлука, соопштија од Владата на Р.С.М.
Почнувајќи со исплатата на платата за октомври 2019 година, 210 научни работници и вработени во 7 научни институти во земјата ќе добијат повисоки плати за 25 отсто.